Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна плата е зголемена во земјава. Имено, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2015 година во однос на јануари 2014 година изнесува 102,3.
„Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.7%) и Преработувачка индустрија (7.1%).“
Просечната месечна нето-плата во јануари 2015 година изнесува 21.828 денари.
Најниските просечни нето-плати во Македонија се:
1. Производство на кожа и слични производи од кожа - 10.314 денари.
2. Рибарство и аквакултура - 10.937 денари.
3. Производство на облека - 11.651 денари.
4. Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад - 11.992 денари.
5. Заштитни и истражни дејности - 12.678 денари.
6. Производство на мебел - 12.733 денари.
7. Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал - 13.069 денари.
8. Производство на текстил - 13.302 денари.
9. Дејности за подготовка на оброци и служење на храна - 13.497 денари.
10. Производство на производи од гума и производи од пластични маси - 14.492 денари.
Кои се 10-те најплатени професии во Македонија?