X
 11.04.2016 Образование

Трите најстресни професии

наставник

 

Професијата како наставник или професор се најде помеѓу трите најстресни професии, велат истражувањата на важен академик кој ја проучувал менталната состојба и нивото на стрес кај 80 различни професии.


Сер Кери Купер, професор по организациска психологија и здравје на Бизнис училиштето при Универзитетот во Манчестер и некогашен владин советник за ментална состојба, открива дека учителската професија редовно се оценува како една од најстресните.

„Од сите професии кои сум ги проучувал, наставниците спаѓаат во трите најстресни. Освен долгото работно време и нивото на стрес, оптеретувањето со работа е прилично големо“, вели Купер.

Неговите коментари доаѓаат токму во време кога најголемата британска институција за наставници „Teach First“ започна да нуди психолошка поддршка на нивните професори поради загриженоста дека притисоците и стресот во училницата би можеле да предизвикаат психолошки проблеми кај наставниците.

Други професии со висок стрес кои Купер ги споменува се здравството и службите како полиција, итна помош и пожарната. Тој додава дека некои делов од ИТ индустријата исто така се стресни професии. Од друга страна, библиотекарите, градинарите и лабораториските биолози имаат најмалку стресна работа.

Во текот на неговата 30 годишна кариера Кери има објавено повеќе од 100 извештаи за менталната состојба и стресот на работното место.

Тој смета дека вознемиреноста, стресот и депресијата се најголемите причинители за отсуство на работниците во многу професии, а кај наставниците овие проблеми се „ендемични“.

Тој вели дека постојаната промена на политиката на образованието на наставниците им го зголемува нивото на стрес, и ги повикува владите да започнат да преземаат нешто околу тоа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование