24.04.2019
Живот
Се игра за 7ка вредна над 460.000 евра и ЏОКЕР над 70.000 евра
Вечерва од 20:00 часот, на Канал5 Телевизија, Државна лотарија ќе го емитува првото извлекување на првото коло од новата игра на среќа Лото 7, на првиот ден во 10тата година од приредување игри на среќа.
Фондот за 7ка се пренесува од последното коло на претходната лото игра, дополнета со фондот за 7ка од првото коло Лото7, а тоа значи дека ќе се игра за до сега најголемата премија за 7ка која ќе вредна околу 28.300.000 денари, во зависност од финалната уплата во ова прво коло.
Новата игра на среќа Лото 7 има четири категории добивки: 7ка, 6ка, 5тка и 4ка.
Категоријата за 4 погодоци, од сега е фиксна и е во вредност на десет комбинации, или во моментов 200, денари.
Една од новините е вклучувањето на црвено топче, без број, покрај топчињата со бројчиња. Неговото извлекување ќе значи дека се удвојуваат сумите за категориите добивки 4ка, 5ка и 6ка. Очекувањето на црвеното топче ќе внесе дополнителна возбуда
Од сега се игра со нови помошни ливчиња и по нови правила кои ќе допринесат за поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава. Меѓу бројните новини е можноста поедноставно да се играат скратени системи, од наведените 24 на самото помошно ливче. Новина е можноста да се уплаќа за 10 кола однапред, при што ќе се добиваат потврди за уплата за секое коло во претплата. Поедноставен е и начинот на уплата и може да се уплаќаат следни кола со приложување и скенирање на преходна уплатена потврда за уплата.
Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, да побара вербална уплата или Quick Pick или пак да уплаќа со претходна потврда за уплата доколку сака да ја одигра истата комбинација/истите броеви.
Поволност за Џокер играчите е што ќе можат да играат Џокер без претходна уплата за играта Лото, а наместо до 20 , ќе може од сега да уплаќаат до 50 Џокер броеви.
Промените се резултат на барање подобри решенија за осовременување на Лото играта. Новините се комбинација од прифатени сугестии од играчи, резултати од анкети спроведувани на продажни места и на официјалната веб страна, искуства на други европски лотарии и комплетно иновативни решенија.
Им се заблагодаруваме на сите играчи кои дадоа свој придонес со сугестии и идеи за осовременување на играта. Веруваме дека со новините во играта Лото 7 ќе одговориме на критериумите и очекувањата.
Во игрите Лото7 и Џокер како и до сега може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно место на Државна лотарија ширум земјата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, претходна потврда за уплата, да побара вербална уплата или Quick Pick. Уплатата на една Лото комбинација од седум броеви, останува иста, 20 денари, а исто така и уплатата на еден Џокер број.
Под среќна ѕвезда - е слоганот на играта Лото 7, кој ќе им донесе среќа на многу играчи и чувство дека навистина застанале под среќна ѕвезда.