X
 24.05.2024 Технологија

Интернетот ви е бавен? Виновникот може да биде предмет што сите го имаме дома

Проблемите со бавниот интернет не се појавуваат само поради слаб сигнал или проблеми со рутерот, туку можеби е во прашање нешто друго.

Имено, многу предмети и уреди за домаќинството би можеле да го попречат поврзувањето на интернет. Но, најчеста причина може да биде огледалото.

Некои големи ѕидни огледала можат да влијаат врз поврзувањето бидејќи огледалото е направено од тенок слој на метал кој може да предизвика пречки. Затоа, треба да се обидете да го оддалечите рутерот најмалку еден метар од нив.

Во овој поглед, корисен совет за подобрување на безжичниот интернет е тестот за контакт со очи. Ако можете, обидете се да го поставите рутерот онаму каде што најмногу ви треба. Значи, ако најважната намена му е во канцеларијата, најдобро е да го поставите таму.

А за уште подобро поврзување, корисно е да користите насочувачи за сигналот. Тие го „примаат“ тоа што рутерот го испраќа и потоа го пренасочуваат понатаму, без да изгубат преголема брзина. Во поголемите домаќинства тие се идеален избор.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија