X
 09.03.2015 Здравје

Што е штетно за нашиот мозок?

Човечкиот мозок е доста деликатен дел од нашиот организам. Неговото оштетување може да доведе до многу здравствени компликации и проблеми. Светската здравствена организација објави листа на секојдневни навики кои нанесуваат одредена доза на негово оштетување.

Покрај тоа, на листата се вклучени и работи кои треба да ги правиме за да ја зголемите неговата функционалност и оперативниот капацитет. Еве што се' се најде на листата.

1. Прескокнувањето на појадокот доведува до намалување на шеќерот во крвта. Тоа доведува до недоволно доставување на хранливи материи во мозокот што евентуално влијае врз дегенерација на мозокот.

2. Прејадувањето влијае на намалувањето на менталната сила.

3. Пушењето ја намалува функционалноста на мозокот и предизвикува Алцхајмерова болест.

4. Високото консумирање на шеќерот го прекинува апсорбирањето на протеинот и хранливите материи што има последици врз развојот на мозочните клетки.

5. Загадениот воздух и неговото вдишување директно влијае врз количината на кислород во мозокот што драстично ја намалува ефикасноста на мозокот.

6. Пореметувањето на сонот, односно долготрајната несоница ги уништува мозочните клетки.

7. Не ја покривајте главата додека спиете бидејќи тоа влијае врз зголемувањето на концентрацијата на јаглерод диоксид и го намалува присуството на кислород во крвта.

8. Ако сте болни немојте да работите - истражувањето спроведено од Светската здравствена организација покажува дека и учењето штетно влијае врз мозокот кога човек е болен.

9. Недостаток на стимулативни мисли - Размислувајте за да го тренирате вашиот мозок. Доколку не работите, вашите мозочни клетки стануваат „мрзеливи“ и помалку функционални.

10. Водете интелектуални разговори. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на интелектуални разговори го намалуваат капацитетот на мозокот со што може да се предизвика деменција.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје