X
 24.06.2020 Технологија

„Хуавеј“ лансира бесплатна виртуелна академија за вештачка интелигенција во Сингапур

Компанијата „Хуавеј“ започнува виртуелна академија за вештачка интелигенција во Сингапур. Во рамките на академијата ќе бидат понудени 140 бесплатни онлајн-курсеви за вештачка интелигенција, 5Г и поврзани технологии.


Фото: Pixabay

Кинескиот гигант планира да подели сертификати на 1.000 инженери во земјата до крајот на следната година. Во рамките на академијата ќе се одржуваат и тренинг-курсеви наменети за малите и средни бизниси со цел компаниите да се заштитат од потенцијални интернет-закани.

„Хуавеј“ ја тестираше виртуелната академија на 300 ИТ-професионалци во земјата во последните два месеца.


Фото: Pixabay

Во рамките на својата стратегија за развој, компанијата планира да остане фокусирана на развој на вештачката интелигенција за да се прошири и зајакне врската меѓу бизнисите од повеќе индустрии.

Автор: Ајлин Ју
Извор: zdnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија