Доколку не сте задоволни од она што излегува на почетната страна на Фејсбук, постојат неколку начини со кои можете да го промените тоа. Како прво, сигурно сакате да се ослободите од досадните луѓе. Уморни сте што постојано ви се појавуваат на почетната страна и повеќе не сакате да ги гледате нивните новости.
Знаете и самите дека ако ги означете луѓето како „Acquaintances“ (Познаници), тие помалку ќе се појавуваат на вашата почетна страна, но ако имате повеќе од стотина пријатели, тоа може да трае подолго. Наместо тоа, користете алатка за организација на пријателите. Алатката автоматски ќе создаде листа на луѓе со кои обично не комуницирате.
Ако некој не треба да биде на листата, кликнете на неговата фотографија а да го поништете изборот. Потоа кликнете на „Addto Acquaintances“ и несаканите луѓе ќе бидат означени како познаници и нема да ги гледате на вашата почетна страна.
Доколку пак сакате луѓето да се појавуваат на вашата почетна страна, тогаш направете ги овие чекори:
Одете на „Facebook Interests“ => кликнете на „Add interests“ => кликнете на „Create list“
Користете ја алатката за да ги пронајдете страните и луѓето кои ви се драги. Кликнете на страните и луѓето кои сакате да ги додадете на листата и кликнете „Next“. Изберете го името на вашата листа. Изберете кој може да ја гледа листата и кликнете „Done“.