Во Холандија (и во многу други земји), осаменоста меѓу постарите луѓе е честа појава. Според истражување, околу 50 отсто од луѓето на возраст од 55 години и постари, се соочуваат со осаменост.
Ова го инспирирало локалниот холандски супермаркет „Џамбо“ да лансира две големи иницијативи, наречени „Место за заедничко пиење кафе“ и „Каса за разговор“.
Фото: Jumbo.nt
„Место за заедничко пиење кафе“ е место каде постарите луѓе можат да се сретнат со други луѓе и да разговараат или да побараат помош за мали задолженија. Целта на иницијативата е да се создаде место за средби каде постарите ќе можат да се сретнат со локалните жители и волонтери.
Иницијативата „Разговор на каса“ е за луѓето кои сакаат да разговараат со друга личност, па работите се одвиваат малку побавно, бидејќи касиерот/касиерката разговара со купувачот.
Трендот во супермаркетите е да се воведе повеќе и повеќе технологија за да се намалат трошоците и да се поттикнат купувачите кон самопослужување, со што има помалку човечки интеракции.
Супермаркетот „Џамбо“ зазема став против овој тренд и игра позитивна улога во борбата против осаменоста.