X
 16.01.2023 Живот

Холандски супермаркет има „бавни“ каси за оние што сакаат да разговараат со вработените

Синџирот супермаркети „Џамбо“ од Холандија има „бавни“ каси за луѓето што сакаат да разговараат со вработените.

Иницијативата започнала во 2019 година, кога била отворена првата „бавна“ каса. Луѓето биле воодушевени со оваа опција, па во 2021 година компанијата одлучила да ја прошири и сега има над 200 вакви каси низ земјата.

- Многу луѓе, особено постарите, понекогаш се осамени. Како семејна компанија и синџир супермаркети, ние сме во срцето на општеството. Нашите продавници се важно место за средби на многу луѓе и сакаме да играме улога во препознавањето и намалувањето на осаменоста - изјавила Колет Клустерман ван Ерд, главна комерцијална директорка.

Идејата е да им се понуди побавна каса на купувачите на кои не им се брза. Линијата поттикнува интеракција со персоналот, а нејзината главна цел е да им се помогне на лицата во борбата против осаменоста бидејќи многумина секојдневно одат во супермаркет за да се сретнат и да разговараат со непознати.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот