X
 24.09.2019 Живот

Нарачале фустани на интернет, а добиле екстази

Австриска двојка доби 24.000 таблети екстази, иако на интернет нарачала два фустани, соопшти полицијата во градот Линц. Вистинската вредност на „пратката“ е 500.000 евра.

На парот од Линц му стигнале два пакета од Холандија. Во едниот имало облека што ја чекале, но другиот бил невообичаено потежок.

Кога сопругата ја отворила пратката, внатре имало проѕирни вреќички со обоен материјал за кој првин мислела дека се украсни каменчиња. Но, сето тоа било сомнително, па го вратиле тој пакет во поштата, од каде што, пак, повикале полиција.

Истражителите потоа откриле дека се работи за дрога, која наместо во Шкотска, по грешка била испратена во Австрија.

Шкотската полиција го открила нарачателот и го уапсила, а по испраќачот од Холандија сѐ уште се трага.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот