Локалните власти во Сардинија, Италија, нудат максимални 15.000 евра за оние што ќе се преселат во некое од малите гратчиња и селца на островот. Целта на иницијативата е да се зголеми населението во овие делови од островот.
Властите ќе ги доделуваат средствата во форма на грант кој не мора да биде вратен веднаш, но мора да биде искористен за купување или реновирање куќа на островот.
Заинтересираните кандидати треба да знаат дека куќата за која може да добијат пари мора да биде во општина која има помалку од 3.000 жители. Освен тоа, тие треба да живеат во Сардинија 18 месеци за да може да добијат грант.
Ова не е првпат италијанските власти да нудат грантови за да привлечат повеќе жители или работници. Минатиот месец Владата на Италија одлучила да им доделува еднократна сума од 200 евра на странските работници за да ги привлече да дојдат во земјата на работа.
Италија очекува намалување на населението од 59,6 милиони во 2020 на 47,6 милиони до 2070 година.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay