X
 31.05.2020 Живот

Погледнете го италијанскиот плоштад кој охрабрува социјално дистанцирање

Како што светот полека се враќа во нова нормала со стивнувањето на пандемијата на Ковид-19, еден италијански град во близина на Фиренца спроведе свој систем на социјално дистанцирање.

Инсталацијата наречена „Стодистанте“ се наоѓа на плоштадот Гиото во градот Викио. Има мрежа на квадрати нацртани на калдрмата за да делуваат како маркер за луѓето да можат безбедно да се движат низ плоштадот.

1

Создаден од студиото „Карет“, станува збор за визуелна репрезентација на советите за социјално дистанцирање издадени од тосканските власти.

- Регионот Тоскана воспостави 1,8 метри како минимално безбедно растојание што треба да се одржува меѓу луѓето за да се спречи ширењето на вирусот. Оваа димензија стана дизајнерска појдовна точка за да се создаде безбедна мрежа на квадрати со чија помош луѓето ќе можат да се движат на плоштадот. Мрежата е развиена во шемa, составена од квадрати со различни димензии кои стануваат пoголеми како што одат поблиску до центарот, создавајќи нови перспективи и интеракции во рамките на постоечкиот контекст - велат од студиото „Карет“.

Кога пандемијата ќе заврши, бојата може да се отстрани со што плоштадот ќе се врати во првобитната состојба. „Стодистанте“ има потенцијал да биде распореден на разни јавни места во градовите, во кината на отворено и други места.

Извор: Lonely Planet
Фото: Francesco Noferini, Caret Studio
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот