X
 24.09.2018 Живот

Колку долго дрогата останува во телото на човекот?

Спротивно на она што се рекламира на многу тестови за дрога, сите супстанции не остануваат  еднакво долго во телото.

Во моментот кога некое лице во своето тело ќе внесе дрога, без разлика дали тоа е со пушење, голтање или на друг начин, телото почнува да ја разградува дрогата. Во процесот се создаваат метаболити, или нуспроизводи на дрогата, кои можат да останат во крвта, урината и во косата долго по чувствувањето на првите ефекти на дрогата. Трагите од овие метаболити се она што тестерите го бараат бидејќи тие се добра индикација дека некој користел дрога.

И додека тестовите за дрога направени со коса се прилично точни, тестовите изведени со помош на крв или урина не даваат толку добри резултати во детектирањето на поголемиот дел дроги. Хероинот, на пример, генерално не може да се детектира во урината по три до пет дена.

Погледнете која дрога колку долго останува во крвта, урината и во косата.


Фото: Science Alert

Забележливо е тоа што во врска со крвта, може да се види дека зборуваме за тоа колку часови се задржува дрогата, додека кај урината и косата веќе зборуваме за денови.


Фото: Science Alert


Фото: Science Alert

Од прикажаното може да се заклучи дека тестовите направени со помош на коса се најточни бидејќи таму има траги од дрогата и по 90 дена од консумирањето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот