X
 18.05.2024 Здравје

Намирници што можат да го поттикнат здравиот раст на косата

Опаѓањето на косата се јавува кај многу луѓе, а тоа може да биде предизвикано од различни фактори како што се недостиг на железо, хормонални промени, кожни болести и др.

Докторот Амир Кан објаснува дека исхраната може да доведе до опаѓање на косата. Тој вели дека не постои храна која директно ќе го стимулира растот на вашата коса, но дека балансираната исхрана богата со протеини, витамини и минерали може да помогне во одржувањето здрав раст на косата.

- Потребни се повеќе истражувања во оваа област, но еве неколку совети. Јајцата можат да помогнат. Тие содржат високо ниво на протеини, од што главно се состои косата, и нешто што се нарекува биотин, кој е од суштинско значење за протеинот на косата, кератин - советува Кан.

Тој објаснил дека јајцата содржат и цинк и селен, кои исто така поддржуваат здрав раст на косата. Покрај тоа, тој препорачува бобинки во исхраната.

- Бобинките содржат витамин Ц, кој е потребен за производство на колаген, кој може да ја зајакне косата, и многу антиоксиданси кои можат да помогнат да се заштити косата од оштетување - додал тој.

Исто така, зелениот зеленчук како кељот и брокулата содржат фолна киселина, железо, а и се богати со витамини А и Ц, кои играат важна улога во растот на косата. Нагласена е и важноста на омега-3 масните киселини кои можат да се најдат во рибата и јаткастите плодови. Покрај тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, кој се смета за антиоксиданс за здрав раст на косата.

Според Националниот здравствен сервис на Велика Британија, нормално е да се губат помеѓу 50 и 100 влакна секој ден, нешто што многу луѓе не го ни забележуваат. Сепак, понекогаш опаѓањето на косата може да биде предупредувачки знак за недостиг на железо. Ако сте загрижени за губење на косата, најдобро би било да се консултирате со вашиот лекар.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје