X
 24.10.2019 Технологија

Нема паметни градови без паметни луѓе

Метеж, загадување, врева, хаос во сообраќајот, стрес... Решението на асоцијацијата е град.

Хармонија, рационална управа, зеленило, енергетска ефикасност, безбедност. Одговорот е паметен град. Ова прашање очигледно е потешко и бара повеќе мислење, исто како и сфаќањето и примената на концептот на паметен град.

Ефикасното управување со урбаните заедници денес е незамисливо без потпирање на информациско-комуникациската технологија (ИКТ). Во перспектива, таквата нова организација е прашање за опстанок на градовите, без оглед на големината и бројот на населението.

Искуствата на лидерите во урбаната трансформација покажуваат дека треба да се формира централна канцеларија за паметен град. Тука ќе се влеваат предлозите, ќе се креираат иницијативи, ќе се смислуваат стратегии, ќе се координираат идеите. Важно е да се дефинираат приоритетните цели. Некаде тоа ќе биде сообраќајот, на друго место загадувањето, во некој град зеленилото, собирање на отпадот, водоснабдување, видеосистем за надзор...

grad
Фото: Pixabay


Важно е низ услуги и платформи за комуникација да се обезбеди учество на граѓаните во одлучувањето бидејќи тие најдобро знаат кои се нивните примарни потреби и најголеми проблеми. Потоа, во тој процес треба да се вклучат експертите и научната заедница. Неопходна е примената на технолошките решенија да се следи низ утврдените параметри за да може да се доработат и коригираат во соработка со сите што учествувале во донесувањето на одлуките.

Ваквиот пристап во голема мера ја олеснува работата на градската власт бидејќи ја спасува од искушението да донесува одлуки „од око“, правејќи поголема штета отколку корист, дури и ако намерите се најдобри.

Особено е важна едукацијата на населението за користење на новите технологии затоа што без паметни граѓани нема паметен град. Доколку образовниот сегмент изостане, дел од жителите на градовите ќе се чувствуваат лишени. Сите тие новини ќе се доживуваат како нешто туѓо и наметнато. Концептот на хуман град не смее да потклекне пред лицето на технолошкиот развој.

Целта на паметниот град е квалитетен живот за сите жители, не само за образованата или богатата елита. Покрај оваа сегрегација, опасност е и технологијата да го обликува животот во градовите.

Идеален град на иднината е можен само доколку нема историја на урбани проблеми. Потврда на оваа теза е „препаметниот“ град Сонгдо во Јужна Кореја, кој бил изграден според технологијата на компанијата CISCO, светски ИТ-лидер. Сите згради имаат специјални стакла и дупла фасада со вентилација. Отпадните води и дождовницата се преработуваат и се користат за наводнување на зелените површини. Комуналниот отпад од сите згради оди на рециклирање преку мрежа на подземни цевководи.

Регулирањето на сообраќајот со помош на сите ИКТ-чуда е приказна за себе, како и најнапредниот систем на јавен превоз, базиран на електрични возила. Вмрежениот компјутерски систем ви овозможува да комуницирате со наставниците на вашите деца, да се консултирате со лекари или да набавите каков било документ и информација. Становите се опремени и со безбедносни сензори што ќе регистрираат ако паднете на под и веднаш ќе ја алармираат итната помош.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија