Одредени луѓе што не можат да ја контролираат желбата за коцкање бараат од нивните омилени казина да им забранат влез за да не можат да се вратат назад во моменти на слабост.
На многу локации казината легално се обврзани да ги извршат овие забрани, а од неодамна некои се свртеа и кон системите за препознавање лица за да им помогнат во исполнувањето на обврската. Ова е редок пример на користење на технологијата што не е контроверзен.
Кога некоја личност се самоидентификува како проблематичен коцкар, таа обично потполнува формулар и му дозволува на казиното да го фотографира. Потоа казиното им дава инструкции на вработените и на тимот за обезбедување да внимаваат на тоа лице и ако го фатат во казиното, коцкарот би можел да биде исфрлен или дури и уапсен за направен прекршок.
Сега казината во светот - од Нов Зеланд до Јапонија - почнуваат да ги користат ваквите системи за да ја подобрат нивната способност да ги држат самоидентификуваните проблематични коцкари подалеку. Така, во едно австралиско казино беше фатен проблематичен коцкар кој се обидувал да влезе во зградата преправен. И тоа двапати.
Додека користењето на технологијата за препознавање лица често отвора дилеми за приватноста, охрабрувачки е да се види дека има глобална употреба на технологијата која не е
дистописка.