X
 11.09.2017 Технологија

Работни места кои нема да бидат заменети од вештачката интелигенција

Нашите кратки биографии сигурно ќе изгледаат застарено за 5 години. Проблемот е што работата и одговорностите кои ги имаме сега, брзо стануваат застарени. Сето тоа се должи на развојот на машините и технологијата, воопшто.

Вештачката интелигенција веќе во форма на софтверски системи и роботика, презема низа работни места, а со самиот развој, се очекува ова да се случува за што повеќе работни места. Се проценува дека во САД до 2030 година, вештачката интелигенција ќе преземе 38 проценти од работните места.

Пред 2 години „Google DeepMind“ развија алгоритам со кој се дозволува на машините да учат брзо како и луѓето. Сепак, вештачката интелигенција нема да ги замени сите. Компанијата на иноваторот Елон Маск „Тесла“ не е компанија во кој се креираат автомобили на традиционален начин, туку се работи на развивање на концепт до модел на брз начин. Сите од работите кои во моментов се извршуваат спаѓаат во три категории:

-    Познато познато – коинзистентност во перформансот на работата, односно ракување со машините од страна на луѓето, на пример. Уште во времето на Индустриската револуција, луѓето сметале дека машините ќе ги заменат, но тие се тренирале за управуваат со нив, па со самиот развој успевале да работаат уште побрзо и полесно. Денес, ситуацијата е поразлична – потребни се само неколкумина за да ракуваат и одржуваат роботско склопување.

-    Познато непознато – Работници кои анализираат и изнаоѓаат решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Адресираат познати предизвици со непознати решенија, а нивнте алатки се компјутерите без кои не можат да ја завршат работата.

-    Непознато непознато – Овде станува збор за непознати предизвици и непознати решенија. Вештачката интелигенција сепак не може да биде програмирана да извршува акции и активности кои никогаш порано не постеле во човековиот мозок, па тука е неговата предност. Но, не засекогаш. Еднаш кога нешто ќе го направите прв пат, потоа можете да бидете копирани, особено од развиена машина, базирана на вештачка интелигенција.

Иновацијата е константна. Сите можеме да бидеме подобри од машини, бидејќи човекот може да биде отворен кон брилијантни иноватини идеи, па со тоа да си ја заштити кариерата. Најдобар начин за тоа е и да се биде секогаш чекор или два пред машините, односно да се стимулира креативноста, иновацијата и себе-водењето.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија