X
 25.01.2021 Живот

Хотел нуди уникатна услуга - може да се извади креветот надвор за спиење под ѕвездите

Кога станува збор за романтични бегства, мал број места успеваат да понудат уникатно искуство како што може „Ла Вализ Тулум“.

Луксузниот хотел со 11 соби во Јужен Тулум, Мексико, им овозможува на гостите да го доживеат најдобриот поглед благодарение на собите со поглед кон плажата и џунглата.

Како и да е, оние што сакаат да искусат нешто уникатно, сега можат да го резервираат големиот апартман кој доаѓа со огромен кревет што може да се изнесе на балконот за гостите да можат да спијат под ѕвездите и да го слушаат звукот на брановите.

Главниот апартман е изграден под масивен палапа-покрив, правејќи гостите да се чувствуваат како едно со природната средина што ги опкружува.

hotel

Исто така, апартманот доаѓа со сопствен приватен влез и директен пристап до плажата, што е идеално место за бегство од секојдневието.

И другите соби во хотелот имаат приватен надворешен простор за уживање. Исто така, има огромен простор на плажа, како и мрежи за лежење насекаде низ имотот.

Но, хотелот нуди и многу други работи. Оние што сакаат да истражуваат може да учествуваат во приватна турнеја што вклучува нуркање и јога. Исто така, гостите можат да изберат од инвентивното мени на телесни и духовни велнес-третмани, како церемонија на „отров од пчела“, церемонија на Месечината и читање од акашик-записите.

Цените на собите почнуваат од 470 долари за ноќ, без даноци и такси. Цената на главниот апартман за ноќ изнесува 845 евра за ноќ.

Извор: Travelandleisure.com
Фото: La Valise Tulum, A Namron Hospitality Group Hotel
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот