X
 19.04.2023 Здравје

Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар

Шмркањето со носот, 'рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар.

Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар. Всушност, истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува Си-ен-ен.

- Наодите се во согласност со претходните истражувања кои го поврзуваат нездравиот сон со високиот крвен притисок и оштетувањето на крвните садови, кои се ризик-фактори за мозочен удар - се надоврза Кристен Нутсон, вонредна професорка по неврологија и превентивна медицина на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при американскиот Северозападен Универзитет.

Можна причина е влијанието на краткиот, „испрекинат“ сон и нарушувања во спиењето, како што е апнеата, врз способноста на телото да го регулира метаболизмот, крвниот притисок и воспаленијата, кои се ризик-фактори за мозочен удар.

И д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.

Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје