Многу луѓе имаат проблем да заспијат во текот на летото поради високите температури. Но, дали знаете колку топло е претопло за спиење?
Ново истражување спроведено на група од 50 волонтери во САД ја одредува совршената температура за спиење за постари лица. Тоа е помеѓу 20 и 25 Целзиусови степени.
Учесниците во истражувањето не можеле да спијат добро кога температурата се искачила над 25 Целзиусови степени. Учесниците живееле во различни домови.
Недостигот на сон може да влијае врз работата на мозокот, да ги зголеми стресот, анксиозноста и уморот и влијае врз нивото на шеќерот во крвта следниот ден. Климатските промени носат повеќе топли ноќи, а тоа може да влијае врз сонот на населението.
До 2099 година повисоките температури може да „избришат“ околу 50 часа сон годишно по лице. Постарите лица се најранливи на овие промени.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay