X
 25.01.2022 Живот

„Учиме во природа со Биби и Боби“, нов проект поддржан од Фондот за иновации

Има огромен број придобивки кои се надеваме дека ќе ги достигнеме со спроведување активности надвор од домот: одржување добро ментално здравје, намален стрес, одржување здрава телесна тежина, запознавање со природата. Токму затоа решивме да работиме на овој проект, во чии рамки ќе бидат снимени осум едукативни видеа, односно дигитални часови за учење во природата, вели Ирина Поповска.

Продукцијата „Светот на Биби“ подготвува нов проект кој е поддржан од Фондот за иновации. Станува збор за „Учиме со Биби и Боби“, во чии рамки ќе се снимаат видеа за најмладите. Ирина Поповска, раководител на продукцијата „Светот на Биби“, информира дека ова е проект што ќе донесе иновација во едукацијата на најмладите и ќе одговори на актуелните потреби на децата и родителите.

- Го насловивме „Учиме во природа со Биби и Боби“, а преку хероите од „Светот на Биби“ се обидуваме да ги охрабриме дечињата да го сменат своето секојдневие. Идејата за проектот потекна од реалната потреба децата да излезат надвор во природата, но и да учат за неа. Следејќи ги насоките на нашиот тим од едукатори од едукативната платформа „Бибиверзум“, заклучивме дека треба да разработиме малку поинаков пристап - вели Поповска.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот