X
 29.05.2024 Живот

Премиерата на „Волшебната шума“, новиот цртан филм од „Светот на Биби“, закажана за 7 јуни

Премиерата на цртаниот филм „Волшебната шума“ од „Светот на Биби“ е закажана за 7 јуни. Филмот ќе се прикажува во „Синеплекс“ и во кината низ цела Македонија.

Со најновите авантури на Биби, Боби и жителите на Волшебната шума, подгответе се за револуција, тајни занаети, неверојатна магија, возбуда, нова музика, модни ревии, луди забави, фудбалски натпревари и Бобииии! Јипи-рипи! Јееј!

Режисери на филмот се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, сценариото е на Бојан Трифуновски, Божидар Божиновски и Марта Куковска, арт-дирекција на Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, а гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот