X
 20.07.2022 Живот

„Светот на Биби“ достапен на еден клик

Над 1.000 минути оригинална едукативна содржина на македонски јазик од „Светот на Биби“, над 200 различни видеа ќе бидат достапни за секој љубител на Биби и пријателите

Сказните на Биби, Приказните на мама Ана, Песничките, Светот на емоциите, Моите омилени места, едукативни видеа за прво одделение, активности и содржини за второ одделение, веќе познатите сказни и плус преточени во аудиосказни, многу игри, многу ексклузивни видеа, сказни се собрани на едно место, на новата платформа комплетно посветена на „Светот на Биби“ - video.bibi.mk.
Станува збор за видеосервис што ги нуди сите видеосодржини од „Светот на Биби“ на едно место.

- Периодов се работеше на нови содржини кои ќе бидат достапни исклучиво на платформата. Работевме на нови супервидеа во стилот на „Светот на Биби“. Имаме нова сказна „Шумовизија“, нова епизода од „Кој прашува, не промашува“ - Сонце, аудиосказни, радиоемисија со Жижи, песнички за најмалите... Биби и Боби ги учат најмалите на диви животни, питоми животни, ориентација, вовед во броеви, вовед со 2Д-форми, во 3Д-форми, буквите, годишните времиња... И уште многу други видеа кои ќе бидат достапни за нашите претплатници - информираат од „Светот на Биби“.

Над 1.000 минути оригинална едукативна содржина на македонски јазик од „Светот на Биби“, над 200 различни видеа ќе бидат достапни за секој љубител на Биби и пријателите.

Со месечна претплата од 99 денари ќе можат да се следат сите видеа на протагонистката Биби, сите новитети...
Вистинската можност што не треба да се пропушти е бесплатната регистрација од 7 дена, односно бесплатен тест-период кој ќе им понуди на сите деца и нивните родители да ја дегустираат платформата пред да се претплатат. Наплатата почнува откако ќе заврши бесплатниот период.

- Платформата video.bibi.mk е богата со содржини за секого. Нуди содржини за сите деца од 1 до 8 години. Едукативните видеа се категоризирани по возраст, има канали за најмалите, за прво одделение, за второ одделение... Има многу активности, работилници, видеа, забава... Кон видеосервисот ќе може да се пристапи од сите уреди што имаат пристап до интернет преку стандардните интернет-прелистувачи. Исто така, ќе биде достапен низ целиот свет - дополнуваат од „Светот на Биби“.



Сите корисници што ќе се претплатат до 1 август ќе добијат и ГРАТИС албум за самолепливи сликички „Светот на Биби“, кој ќе внесе вистинско освежување и забава за сите вљубеници во Биби и нејзината дружина... Исто така, во него има многу изненадувања и нови ликови, сказни кои допрва ќе се објават. Албумот ќе може да се подигне во сите продавници на „Светот на Биби“ почнувајќи од 27 јули (среда).

Голем дел од едукативните видеа содржат и активности во дигитален формат кои може лесно да се преземат. Покрај „Сказните на Биби“, песничките, „Кој прашува, не промашува“, „Моите омилени места“, „Приказните на мама Ана“, „Во светот на емоциите“, овде ќе може да се гледаат и слушаат новите епизоди од новите серијали „Рецептите на мама Ана“, „Шумско радио ФМ со водителката Жижи“, аудиосказните и уште многу други содржини.

- Со овој сервис ќе понудиме многу нови едукативни содржини со кои ќе им го направиме учењето на најмалите доста забавно и интересно, преку сервисот ќе бидат достапни за преземање многу едукативни активности во дигитален формат, кои понатаму ќе можат да си ги имаат локално на нивниот уред - посочуваат од „Светот на Биби“.

Видеосервисот е поддржан од Фондот за иновации и во неговата реализација беа вклучени над 90 лица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот