X
 25.01.2026 Живот

Поранешен британски нуклеарен бункер ќе падне во морето

Поранешен нуклеарен бункер во Велика Британија ќе падне во морето поради силната ерозија на крајбрежјето.

Станува збор за зграда од тули, лоцирана во близина на селото Танстал, на брегот на Источен Јоркшир. Се верува дека објектот е стар околу 70 години и бил проектиран за воено набљудување во случај на нуклеарна војна.

- Живееме на едно од најерозивните крајбрежја во Европа и на овој бункер не му останува многу време, можеби само неколку дена - вели аматерскиот историчар Дејви Робинсон.

Советот на Источен Рајдинг на Јоркшир упати апел до граѓаните да ја избегнуваат областа и да одржуваат безбедно растојание од подножјето на карпите.

Според Агенцијата за заштита на животната средина, Источен Јоркшир има едно од најбрзо еродирачките крајбрежја во Велика Британија.

 

Бункерот на врвот на карпата е еден од многуте нуклеарни бункери за воено набљудување по должината на брегот на Обединетото Кралство, според историската истражувачка група „Субтеранеа британика“.

Познат како „Танстал рок“, се верува дека бил изграден во 1959 година, а деактивиран на почетокот на 90-тите години.

Робинсон вели дека во бункерот има простории за спиење и основни услови за живот.

- Бил дизајниран така што луѓето можеле да живеат внатре и едноставно да ја чекаат нуклеарната експлозија, за потоа да ги известат другите во бункерите низ земјата. За среќа, никогаш не бил користен - вели Робинсон.

Крајбрежјето Холдернес еродира со просечна брзина од околу 2 метра годишно, според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот