Електричниот авион со акумулатор-батерија – „Алфа електро Г2“, произведен во Норвешка, се урна во езеро, а пилотот и патникот што биле во него не се повредени.
Сопственикот на авионот, државната авиокомпанија „Авинор“, лани соопшти дека има шанси трговски патнички летови со електрични авиони да почнат да сообраќаат до 2025 година.
Авионот кој се урна беше пилотиран од извршниот директор на „Авинор“, Даг Фолк-Петерсен, кој поканил и високи функционери на пробниот лет.
Негов сопатник при уривањето бил Асе Марте Хоригмо, помошник-министер во норвешката влада.
Извор: МИА