X
 06.01.2023 Живот

Најсигурно сместување: Бункер за одбрана од нуклеарна војна преуреден во апартман за богатите туристи

За време на Студената војна бизнисменот Џон Хејс издлабил куќа во карпа за да има каде да се скрие во случај на најлошото. Во тоа време тој немал поим дека неговиот бункер скриен во американските планини Озарк ќе биде привлечен за туристите што сакаат да спијат во пештера.


Бидејќи нуклеарната војна не се случи, пештерата Бекам Крик во Партенон е претворена во луксузно сместување од 5.500 квадратни метри. Поранешниот бункер во кој биле инвестирани милион долари има четири спални соби и бања, комплетно опремена кујна и приватна киносала.

Во овој необичен бункер ќе можат да уживаат оние што ќе издвојат 1.600 долари за една ноќ.


Извор: Punkufer.hr
Фото: Beckhamcave.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот