25.02.2019
Технологија
Прв електромотоцикл изработен со ЗД-печатач
Компанијата „Биг Реп“ го произведе првиот електромотоцикл изработен со помош на 3Д-печатач, јави Би-би-си.
Мотоциклот се состои од 15 дела, од кои само моторот и акумулаторот не се изработени со 3Д-печатачот.
Директорот во компанијата, Штефан Бајер, информира дека новиот електромотоцикл бил изработен за три дена и дека трошоците за негово производство изнесуваат 2.600 американски долари.
- ЗД-печатачот ни овозможува да ги надминеме ограничувањата и да изработиме апсолутно нови карактеристики и дизајн. Ќе беше невозможно да го изработиме нашиот мотоцикл со традиционалните методи - додаде Бајер,
Компанијата „Биг Реп“ е специјализирана за изработка на уреди и апарати со 3Д-печатачи.
Извор: МИА