Нова куќа направена со 3Д печатач во Русија обележа нови чекори во градежната техника. Московскиот дом е изграден за само 24 часа.
Иако 3Д печатењето не стана нормално во градежништвото, тоа веќе не е научно-фантастичен сон. Првата 3Д печатена канцеларија е отворена минатата година во Дубаи, а во Пекинг една таква куќа е изградена да издржи земјотрес од 8 степени. Во 2014 компанија во Шангај испечатила 10 куќи во еден ден.
Компанијата зад овој проект, Apis Cor, го опишува проектот како првата печатена куќа со мобилен печатач. Технологијата со која работи личи на кран и е доволно мала за куќата да биде изградена одвнатре, а не однадвор со поголема машина.
Таа е голема околу 125 метри квадратни, а чини околу 10.000 долари да се изгради, вклучително инсталација и изолација. Освен што е поевтина од многу мали куќи, таа е и многу модерна.