X
 25.02.2021 Живот

Девојка што го победила ракот ќе биде дел од првиот комерцијален лет во вселената на „Спејс-екс“

Хејли Арсено го победила ракот на коските, а сега се подготвува за патување во вселената. Таа ќе биде дел од првиот приватен лет до вселената на компанијата „Спејс-екс“. Со 29-годишната девојка, која работи како медицинска сестра, до вселената ќе патуваат и милијардерот Џеред Ајзакмен и уште двајца среќници што треба да бидат одбрани.

Арсено работи во детската болница „Сент Џуд“. Таа може да стане најмладата Американка што патувала во вселената и првата со протеза бидејќи има титаниумски имплант во коската.



- Мојата битка со ракот навистина ме подготви за патување во вселената. Ме направи силна, а мислам и дека навистина ме научи да го очекувам неочекуваното и да не земам сè при срце - изјавила Арсено.

Капсулата „Драгон“ на „Спејс-екс“ треба да полета од Флорида годинава, а тоа ќе биде првата мисија околу Земјата без професионален астронаут во екипажот. Арсено ќе биде и медицински помошник во текот на летот.

Овој месец милијардерот Ајзакмен поставил цел да собере 200 милиони долари, од кои половина се негова донација, за болницата во која работи Арсено.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот