Новиот хорор на „Нетфликс“ е толку страшен што некои гледачи признале дека не можеле да заспијат откако го гледале. Станува збор за филмот „Пустелија“ (англ. The wasteland).
Во него се следи приказната на едно семејство кое живее изолирано од општеството, но одеднаш ужасно суштество го нарушува нивниот мир. Филмот е во режија на Дејвид Касадемант.
Во него има само неколку главни ликови и трае малку повеќе од 90 минути. Засега неговата оцена на ИМДБ е 4,6, но гледаноста му расте од ден на ден.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)