X
 29.09.2023 Култура

Објавени датумите за три нови продолженија на „Аватар“

Филмското студио „Дизни“ откри дека на Џејмс Камерон ќе му треба многу повеќе време за реализација на продолженијата на „Аватар“.

Како што се наведува, „Аватар 3“ е поместен за една година, од 20 декември 2024 на 19 декември 2025 година.

Многумина беа изненадени од веста дека четвртиот дел, кој првично требаше да излезе на 18 декември 2026, ќе пристигне дури на 21 декември 2029 година. Петтиот дел, кој бил планиран за 22 декември 2028, сега е поместен за 19 декември 2031 година.

Веќе кружат шеги на интернет за најавите, со оглед на тоа што новите филмови ретко се најавуваат подолго од три или четири години пред премиерата. Во случајот со петтиот дел од „Аватар“, ќе чекаме повеќе од осум години за премиерата.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Disney
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура