Во француската заедница Пусан, чие име се преведува како „кокошка“, можете да уживате во олдтјамер како туристичко сместување за 37 дoлари од ноќ.
- Бидете дел од нашата заедница „Кетфарм“ и спијте во реставриран француски олдтајмер. „Пежо 404“ е уметничко дело со сопствена историја. Удобен и приватен, со панорамски поглед на историскиот средновековен Пусан и неговите лозја. Кога основачот на „Кетфарм“ заборави да ја крене рачната сопирачка во 90-тите години, автомобилот се лизна во канал и така лежеше напуштен, добивајќи прекривка од бујна вегетација и чекајќи подобри денови. Ова конечно се оствари кога синот на основачот создаде заедница во старо лозје и го претвори автомобилот во интересно и необично сместување за гостите. Така, автомобилот стана совршен дом за љубопитните патници кои сакаат да го откријат шармот на југот на Франција.
Олдтајмерот е опремен со удобен двоен душек, багаж за складирање, завеси, интернет, радио и приклучоци за полнење телефон и лаптопи.
Од „Ербиенби“ напоменуваат дека се работи за сместување на отворено и дека во постудените месеци од годината автомобилот не нуди греење. Исто така, „Ербиенби“ посочува дека олдтајмерот е совршен за дигитални номади и за сите што бараат инспиративно место и искуство за спиење во нетипично сместување.