X
 08.10.2022 Живот

Истражување покажува дали е исплатливо да резервирате сместување преку платформа

Најново истражување на веб-страницата за споредување патничко осигурување „Иншур мај трип“ покажало дека цените на популарните веб-страници за резервирање сместување не се разликуваат многу од директното резервирање на хотелските веб-страници.

Иако многумина се определуваат за резервирање сместување преку некоја веб-страница мислејќи дека тоа е поевтино, се чини дека разликата изнесува само 6 долари во просек. Истражувањето било спроведено на веб-страниците „Хотелс“, „Експедија“, „Директ“ и „Букинг“, а се покажало дека најдобри цени понудил „Хотелс“, иако во прашање била минимална разлика.

Веб-страницата која е и најпопуларна, „Букинг“, била најскапа, според истражувањето. По објавувањето на податоците, се огласила и самата компанија, која посочила дека има цел секогаш да биде транспарентна со клиентите, а партнерите може слободно да ги одредуваат сопствените цени на веб-страницата.

Веб-страниците „Хотелс“ и „Експедија“ најчесто имале исти цени, а двете се во сопственост на групата „Експедија“, која управува и со други слични веб-страници.

Извор: Kamatica
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот