X
 25.03.2018 Живот

Десет правила за успех на Илон Маск

Без разлика дали го сакате или не, Илон Маск има прилично импресивна биографија. Неговото футуристичко размислување го прослави и веќе сите слушнаа за него, но сигурно дека и сите би сакале да знаат како и тие да заработат повеќе од 20 милијарди долари. Најблискиот одговор на тоа прашање би бил да се следат десетте совети за успех од Маск.


1.Никогаш не откажувајте се

Да се каже дека Маск е тврдоглав е малку. Кога и да се соочуваше со неуспех и банкрот, тој секогаш стануваше и се обидуваше одново. Во едно интервју од 2014 година, тој нагласи „Никогаш не се откажувам. За да се откажам, би требало да сум мртов или целосно онеспособен“.


2. Сакајте го она што го правите

-Во која и област да влезете, дури и ако сте најдобар меѓу најдобрите, секогаш има шанса за неуспех. Затоа мислам дека е навистина важно вистински да ви се допаѓа она што го работите - рече Маск на една презентација.

3. Не слушајте ги хејтерите

Ако верувате во себе, не слушјте ги хејтерите, туку докажете им дека не се во право.
-Толку многу луѓе се обидоа да ме разубедат да не основам своја компанија, тоа беше дури и лудо. Една пријателка собра цела серија снимки од ракето кои експлодираат и ме натера да ги гледам. Таа само не сакаше да ги загубам моите пари. Ние ги правиме овие нешта кои изгледа дека нема да успеат, но имавме среќа, барем досега, тие успеаја - истакна Елон.

4. Преземајте ризици

При еден говор во 2014 година, Маск на дипломците од Јужнокалифорнискиот универзитет им порача да преземаат ризици.

-Сега е времето да преземете ризици. Немате деца. Како што стареете, обврските се зголемуваат и штом ќе создадете фамилија, преземате ризици не само за себе, туку и за вашата фамилија. Многу е потешко да се прават нешта кои можеби нема да успеат. Затоа сега е времето да го направите тоа, пред да ги имате тие обврски. Би ве охрабрил да преземате ризици сега и да направите нешто храбро. Нема да зажалите - рече тој.

5. Направете нешто важно

-Не мислев дека Тесла ќе успее, мислев дека најверојатно нема да успееме. Но, мислев дека барем можеме да обрнеме внимание на лажната перцепција која луѓето ја имаа дека електричниот автомобил мора да е грд и бавен и досаден како количка за голф. Ако нешто ви е доволно важно, треба да се обидувате  дури и ако веројатниот исход е неуспех -вели Маск.

6. Фокусирајте се на сигналите зад вревата

-Многу компании се збунуваат и трошат пари на нешта кои всушност не го подобруваат продуктот. На пример, за Тесла никогаш не сме трошеле пари на рекламирање. Ние сите пари ги вложуваме во истражување и развој, производство и дизајн за да се обидеме да го направиме автомобилот што е можно подобар. Мислам дека тоа е начинот на кој треба да се работи. Сите компании треба да мислат дали тие напори се оние кои луѓето ги трошат, дали резултираат со подобар продукт или служба. Ако не, прекинете со тие напори - смета Елон.

7. Барајте решавачи на проблеми


Кога вработувате, барајте луѓе кои решаваат проблеми, порачува Маск.
-Кога интервјуирам некого за работа во компанијата, барам да ми кажат за проблемите на кои работеле и како ги решиле. Ако некој навистина бил лице кое решило проблем, тој ќе може да одговори на неколку нивоа, ќе може да се фокусира на најважниот дел во одредена ситуација. Ако не бил, ќе заглави. Тоа е така затоа што секој кој се борел за решавање на проблем, никогаш не го заборава тоа - нагласува Илон.

8. Привлечете одлични луѓе

Според Маск, секогаш треба да се осигурате или да влезете во група на одлични луѓе или да ги соберете ако сакате да видите колективен успех во некој напор.
-Компанијата е група од луѓе кои се собрале за да создадат производ или услуга. Затоа, зависно од тоа колку е талентирана и вредна таа група и од степенот до кој групата е кохезивно фокусирана и во добра насока, тоа ќе го одреди успехот на компанијата. Ако основате компанија, направете се што можете да соберете одлични луѓе - порачува Илон.


9. Имајте одличен производ

Маск ја нагласува важноста да бидете сигурни дека што и да е она што го започнувате е неверојатно.
-Што и да правите е одличен производ или услуга. Мора да биде навистина одлично. Ако внесувате нешто во веќе постоечки пазар и има големи и вкоренети конкуренти, тогаш вашиот производ или услуга треба да биде многу подобра од нивната. Секогаш ќе купите од бренд од доверба освен ако нема голема разлика. Не може да биде само малку подобро, мора да биде многу подобро - вели Илон.

10. Работете супернапорно

-Што сначи супернапорно? Работете напорно секој час. Тоа е она што би го рекол, особено ако основате компанија. Ако направите проста математика, да речеме некој работи 50 часа, а вие работите 100, вие ќе ќе завршите двојно повеќе во текот на годината - вели иноваторот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот