Научниците посочуваат дека разликата во парите создава разлика и во однесувањето и дека секогаш ги развиваме оние вештини кои ни се најкорисни. Така, богатите секогаш може да изнајмат помош во домот доколку им е неопходна.
Една мудра изрека вели дека „додека се качуваш по скалите на успехот, секогаш поздравувај ги оние кои ги сретнуваш бидејќи можеш да ги сретнеш повторно кога ќе се симнуваш“. Меѓутоа, ова е тешко да се примени во пракса.
Не е мај бројот на успешни поединци на кои славата им удрила во глава, покажува
истражување спроведено во Холандија и САД.
За потребите на истражувањето биле споени странци кои едни на други си зборувале за тешкотиите со кои се соочуваат, од развод до смрт на блиска личност. Поуспешните поединци во паровите покажале помалку сочувство од помалку успешните.
Во текот на разговорот, влијателните помалку потврдувале со главата и ретко се насмевнувале. Наместо тоа, тие честопати покажувале несогласување и го прекинувале разговорот, додека ретко обрнувале внимание на кажаното.
Научниците посочуваат дека разликата во парите навистина создава разлика и во однесувањето и дека секогаш ги развиваме оние вештини кои ни се најкорисни.
Така, богатите секогаш може да изнајмат помош во домот доколку им е потребно, додека сиромашните мора да ги користат своите социјални вештини за да го убедат соседот да им го чува детето додека се на работа, пишува „Новости“.