Кога емоционалната интелигенција првпат се појави како термин во јавноста служеше како објаснување за ситуациите во кои луѓето со помал коефициент на интелигенција се подобри од оние со повисок. Сега, истражувањата покажуваат дека емоционалната интелигенција е критичен фактор кој ги издвојува најуспешните од останатите. Имено, 90% од најуспешните луѓе имаат развиена емоционална интелигенција.
Емоционалната интелигенција е „нешто“ во секој од нас што е малку недопирливо. Тоа влијае на начинот на кој се однесуваме и донесуваме одлуки за да добиеме позитивни резултати. „
Талент смарт“ анализирале податоци од повеќе од милион луѓе кои направиле тестови за емоционална интелигенција. Тие тврдат дека следниве знаци се сигурни показатели на висока емоционална интелигенција.
Имате богат „емоционален речник“
Луѓето со висока емоционална интелигенција управуваат со своите чувства бидејќи ги разбираат, а со тоа користат и богат речник за да ги објаснат сите свои чувства. Колку поспецифични зборови се користат, толку повисока емоционална интелигенција се поседува.
Љубопитни сте за останатите
Без оглед дали се интровертни или екстровертни, емоционално интелигентните луѓе се љубопитни за секој околу нив. Сочувствувањето е знак на висока емоционална интелигенција.
Отворени сте за промена
Емоционално интелигентните луѓе се флексибилни и постојано се адаптираат. Тие знаат дека стравот од промена парализира и е закана за нивниот успех.
Ги знаете своите лоши и добри страни
Емоционално интелигентните луѓе знаат во што се добри, а во што ужасни. Тие знаат и како да ги искористат овие доблести и маани за да успеат.
Тешко се навредуваат
Доколку сте емоционално стабилни, некој тешко може да ве навреди со своите зборови. Емоционално интелигентните луѓе се слободоумни и имаат самодоверба.
Знаете како да кажете „не“
Истражување спроведено во Сан Франциско покажува дека колку потешко кажувате „не“, толку поголеми се шансите да искусите стрес и депресија.
Не се опседнувате со грешките
Емоционално интелигентните луѓе се дистанцираат од своите грешки, но тоа го прават без да ги заборават. Клучот за успехот лежи во способноста да ги трансформираме неуспесите во начини за подобрување.
Давате и не очекувате ништо
Кога некој ќе ви подари нешто спонтано, вие не очекувате нешто назад. Емоционално интелигентните луѓе градат силни врски бидејќи постојано мислат за другите.
Се „дисконектирате“
Земањето слободно време е знак за висока емоционална интелигенција бидејќи ви помага да го контролирате стресот и да живеете во моментот.
Не дозволувате некој да ви ја ограничува среќата
Кога вашето чувство на задоволство и среќа доаѓаат од мислењата на останатите, вие не сте сопственици на својата среќа. Кога емоционално интелигентните луѓе се чувствуваат добро за нешто што го направиле, тие не дозволуваат нечии мислења да им ја уништат среќата.