X
 25.03.2019 Живот

Пилотски тим - мајка и ќерка управувале со авион

Патниците на летот на „Делта“ од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес минатиот викенд биле воодушевени кога дознале дека нивниот авион е управуван од рацете на фамилијарен пилотски тим - капетан Венди Рексон и копилотот и нејзина ќерка Кели Рексон.

Откако еден од патниците ги фотографирал Венди и Кели во кокпитот на авионот, тие двете за брзо време станаа хит на „Твитер“.

- Само што летав од Ел-еј-ек до Еј-ти-ел со авионот на „Делта“ управуван од екипа составена од мајка и ќерка. Одличен лет. Инспиративни млади жени - напишал патникот д-р Џон Р. Ватрет на својот твитер-профил.
Тој дознал дека мајка и ќерка пилотираат со авионот откако една жена која се качила на авионот прашала дали нејзините деца може да ги посетат пилотите. Тој слушнал како семејството зборува за „мајката и ќерката“ што управуваат со авионот.

- Мислам дека тоа е неверојатно. Воодушевувачки. Прашав дали и јас можам да ги посетам - раскажува Ватрет.

Тогаш дознал дека авијацијата имала уште подлабоки корени во семејството Рексон. Таткото на Венди е пензиониран пилот, додека нејзиниот сопруг е пилот во „Американ ерлајнс“. И нивната друга ќерка Кејт е пилот.

- Копилотот има одличен пример за да стане пилот. Ова е добро за воздухопловството и инспиративно за сите нас - вели Ватрет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот