X
 09.04.2017 Живот

Тајните на пилотите на авионите

Сите имаме тајни. Исто така и пилотите. И на сите би ни било подобро ако ги знаеме.


Фото: Freepik

Неколку пилоти ги споделиле тајните на „Whisper“ и еве што можеби не сте знаеле.

Пилотите се возбудуваат исто колку и нас

Речиси сите пилоти имаат слично чувство како и патниците кога полетуваат.

И се плашат

Не е чудно ако пилот се плаши од висини. Особено ако постојано мисли на тоа.

Не се секогаш oна што тврдат дека се

Пилотите често велат дека имаат прв лет или пак, дека имаат големо искуство. Но, не секогаш ја зборуваат вистината.

Молња и не е толку голема работа

Многу пилоти биле погодени од молња. Авионите се направени за да го издржат тоа. Нема да паднете од небото ако слушнете силен звук и видите сноп светлина.

Регионалните авиони не се исти со останатите


Регионалните авиони не ги имаат истите безбедносни стандарди како оние кои патуваат на подалечни дестинации. И пилотите немаат толку големо искуство или пак обуки, но јавноста тоа не го знае.

Некогаш, авионите немаат доволно гориво

Се случува авионот да биде погоден од молњи и невремиња и одеднаш да се соочи со недостаток од гориво, па пилотот е приморан да слета на алтернативен аеродром.

Постои само еден тип на слетување

Не постои такво нешто како слетување на вода. Тоа се нарекува срушување во океан.

Пилотите спијат многу. На работа.

 Пилотите претежно спијат. Особено оние кои управуваат со подолги летови. Сепак, постои резервен екипаж, кој работи додека другиот дел од екипажот се одмара.

Маските за кислород не траат многу долго

Има околу 15 минути кислород по патник во авионите. Поновите авиони имаат повеќе.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот