Овој „боинг 727“ оригинално е направен во 1968 година, а пренаменет е во приватен авион на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век кога бил во сопственост на колумбискиот крал на кокаинот.
Претприемачот Џони Палмер го претвори некогашниот авион на Пабло Ескобар во луксузно сместување на „Ербиенби“ во кое ноќевање чини околу 500 евра по лице. Овој „боинг 727“ оригинално е изграден во 1968 година, а пренаменет е во приватен авион на почетокот од осумдесеттите години од минатиот век кога бил во сопственост на колумбискиот крал на кокаинот.
Пабло Ескобар се смета за најбогатиот криминалец во историјата кој до својата смрт на илегален начин собрал неверојатно богатство вредно околу 30 милијарди долари. Затоа не чуди што неговиот авион бил украсен со златни детали и кристали. Во меѓувреме го променил сопственикот и е реставриран, но го задржал ретро изгледот од 80-тите.
Оваа необична сместувачка единица сместена во трупот на авионот има две дневни соби, спална соба со брачен кревет, три тоалети, туш-кабина и целосно опремена кујна наменета за максимално сместување на четири лица.
Дневна соба со ретро изглед од 80-тите
Надвор од авионот има платформа со када, сауна и надворешен туш за уживање на отворено во потоплиот дел од годината. Важно е да се напомене и дека целиот објект се напојува со обновлива енергија преку соларни панели. Трупот на авионот е поставен на транспортни контејнери во индустриската зона Скајлајн парк во Бристол во Обединетото Кралство.
Ако планирате да го изнајмите преку „Ербиенби“, добро е да знаете дека овој простор е мирна оаза во текот на викендот. Во текот на неделата, пак, одморот би можеле да ви го попречат доставните возила во соседниот двор.