X
 25.03.2021 Живот

Бродот што го блокира Суецкиот Канал нема да се помести барем до недела. Интернетот преплавен со мемиња

Огромен товарен брод се заглавил во Суецкиот Канал во Египет блокирајќи еден од најкористените премини веќе цел ден.

Бродот „Евер гивен“, долг 400 метри и способен да носи над 220.000 тони товар, патувал од Кина до Холандија преку каналот кога морал да се сврти поради ветрот и слабата видливост предизвикана од бура од прашина. При вртењето, бродот целосно се заглавил во каналот и го блокирал поминувањето на повеќе мали бродови од двете страни. Сите членови на екипажот се безбедни и нема повреди или оштетување на товарот, пренесува „Вокс“.

Бродот најбргу би можел да се помести в недела или в понеделник, кога ќе надојде приливот, пишува „Блумберг“. Според експертот Ник Слоун, приливот ќе го зголеми нивото на водата за околу 46 сантиметри и ќе овозможи полесно маневрирање. Следното надоаѓање на плимата се очекува по околу 14 дена.




Властите ќе се обидат да го поместат бродот денес доколку дозволуваат временските услови. Тие веќе се обидувале да го сторат со копање на земјата околу бродот. Следниот чекор би бил отстранување на водата и горивото од бродот.

Во меѓувреме, бродовите користат стар премин што е отворен од властите додека трае одглавувањето на големиот брод. Суецкиот Канал е важен за дистрибуцијата на нафта бидејќи околу 10% од глобалното количество нафта поминуваат низ каналот и поврзан цевковод. Заглавувањето на каналот може да доведе до зголемување на цената на нафтата поради подолгиот пат што треба да го поминат бродовите, пишува „Гардијан“.

Заглавувањето на бродот предизвика и многу смешни коментари на интернет. Многу луѓе ја споредија ситуацијата со сцена во филмот „Остин Пауерс“ во кој главниот лик, игран од Мајк Мајерс, се обидува да сврти количка во тесен премин.



Други корисници на интернет биле инспирирани на поинаков начин.













Извори: Vox, Bloomberg, Guardian
Фото:Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот