X
 26.08.2015 Технологија

Софтвер со кој се одбегнува патувањето на интернетот во цензурираните земји

Секогаш кога испраќате електронска порака или отворате интернет-страница, податоците патуваат нив светот преку земји во кои има ограничување на податоци, како Кина. Еден нов систем нуди начин за пренасочување на интернет-сообраќајот околу „забранетите“ земји.


Системот наречен „Alibi Routing“ користи метод за пренасочување на интернетот, но и на крајот нуди доказ за успешно или неуспешно пренасочување. Во последните години сме сведоци на секакви цензури на интернет, сомнителни пренасочувања и набљудување на податоците на корисниците, откаде доаѓа и интересот за овој нов систем.

Системот е дело на научници од Институтот за напредни компјутерски студии при Универзитетот во Мериленд. Научниците ги претставиле своите откритија во истражување изминатата недела на конференција во Лондон. Проектот е финансиран од Националната научна фондација на САД и уште неколку грантови.

Софтверот функционира на тој начин што нуди доказ за патот по кој поминуваат податоците. Системот одбира насоки кои се оддалечени од забранетите зони одредени од корисникот. Софтверот бил тестиран со симулирана мрежа од 20.000 учесници во кои биле одбрани забранети земји како Кина, Јапонија, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Сирија, САД итн.

Симулациите покажале дека системот може да најде безбеден пат повеќе од 85% од времето. Тимот кој работел на истражувањето се надева дека до крајот на годината ќе имаме можност да го користиме софтверот како додаток на прелистувачот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија