X
 01.02.2019 Технологија

Најбрзорастечкиот интернет-пазар е земја за која веројатно не сте слушнале

Како за земја за која многу малку луѓе знаат дека постои, Западна Сахара има прилично бурна историја. Нејзината модерна историја почнува, како што, за жал, е случајот со повеќето африкански нации, со колонијализмот. Сè до средината на 70-тите години земјата беше контролирана од Шпанците. Кога тие се повлекоа, територијата им ја предадоа на Мавританија и на Мароко и тогаш настана жестока војна за независност.

Денес поголем дел од земјата е под контрола на Мароко, а мал дел контролира Сахарската Арапска Демократска Република. Двете страни се разделени со ѕид долг 2.700 километри. Земјата е скудно населена и економски неразвиена.

Но, изненадувачки е тоа што сега во земјата има дигитална ренесанса и во текот на 2018 година нивото на користење на интернет во земјата драстично се зголемило.

Според „Диџитал репорт 2019“, Западна Сахара сега има највисок интернет-раст од сите земји во светот. Во 12-те месеци по јануари 2018, бројот на корисници на интернет се зголемил за 364 проценти, односно за 102.000 корисници.

За жал, извештајот не нуди многу детали освен бројките. Не се наведува причина зошто е тоа така.

Иако е тешко да се каже причина, можете и сами да претпоставите. Првата е што во последните години има поплава од мигранти од Мароко во Западна Сахара бидејќи луѓето се привлечени од можностите во риболовот и рударството. Мароканците се побогати од локалното население и веројатно повеќето можат да си дозволат мобилни телефони и компјутери.

Мароко има едно од највисоките нивоа на користење интернет на континентот. Во 2017 година 58,3 отсто од Мароканците користеле интернет.

А тука е и фактот дека користењето интернет во 2019 година е поевтино од кога и да е.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија