„Оној што сака да пее, секогаш ќе најде песна“ е една популарна шпанска поговорка за позитивниот став кон животот. Во продолжение се дадени и други шпански поговорки за животот.
- Не е важно да ви аплаудираат кога влегувате, туку да им недостигате кога излегувате.
- Ниту смеете да се фалите себеси, што е суета, ниту да се критикувате, што е потценување.
- Негувајте го вашиот извонреден талент, но не занемарувајте ги другите. Секој човек може да го достигне врвот само ако знае во што се истакнува.
- Кој има долгови, а прави нови, ако не лажел, ќе лаже.
- Оној што му прогледува низ прсти на крадецот и самиот е крадец.
- Добриот човек, како и добриот коњ, може да го јаваат луѓето.
- Потценете го вашиот непријател и брзо ќе бидете поразени.
- Да се сака и да не се биде сакан е како да одговараш, а да не те прашуваат.
- Да беше болка глупоста, од секоја куќа ќе се слушаа лелеци.
- Запомнете го советот на некој што ве сака, дури и ако ви звучи лошо.
- Не може да се сака и да се биде разумен.
- Оние што малку знаат се брзи со јазикот.
- Подобро е да се краде со добрите отколку да се моли со лошите.
- Она што чини малку, се цени уште помалку.
- Слушајте што велат за другите и ќе знаете што велат за вас.
Извор:
Stil
Насловна фотографија: Pixabay