28.11.2023
Живот
Француски мудри мисли: Бракот е лотарија во која мажите ја вложуваат својата слобода, а жените среќата
Од морето поучни и корисни поговорки издвојуваме неколку француски кои и денес можат да послужат како совет или потсетување во одредени ситуации.
- Љубовта е единствената болест од која не сакаме да се излекуваме.
- Ден без вино, ден без сонце.
- Цената брзо се заборава, но квалитетот е тој што останува.
- Љубовта прави времето да помине, времето прави љубовта да помине.
- Жената сака кога сака, мажот кога може.
- Младоста живее од надежта, а староста од спомените.
- Сè ќе помине, освен доброто што сте го направиле.
- Жената е како загатка: престануваме да ѝ се допаѓаме откако ќе ја решиме.
- За оние што знаат да чекаат, сè доаѓа со време.
- Малите потоци прават големи реки.
- Почекајте ја ноќта за да кажете дека денот бил убав.
- Празните буриња најмногу се слушаат.
- Во вистинската љубов душата го сака телото.
- Тројца можат да чуваат тајна, ако двајца од нив се мртви.
- Пријателството е љубов без крилја.
- Мисли што сакаш, зборувај што мораш.
- Минатото е најдобриот пророк на иднината.
- Ах, кога би знаела младоста, а кога би можела староста.
- Бракот е лотарија во која мажите ја вложуваат својата слобода, а жените среќата.
- Никој не е толку дарежлив колку оние што немаат што да дадат.
Извор: Edukacija.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски