X
 03.07.2024 Култура

Кинески мудрости: „Подобро да запалиш свеќа отколку да ја колнеш темнината“

Во древната кинеска култура мудроста често се пренесува преку поговорки и мудри изреки.

Во продолжение ви нудиме неколку древни кинески поговорки што може да ви бидат патоказ во животот.

-Подобро да запалиш свеќа отколку да ја колнеш темнината.

-Ако планираш за една година, посеј ориз; ако планираш за десет години, засади дрво; ако планираш за сто години, образовај луѓе.

-И најдолгиот пат почнува со еден чекор.

-Подобро е да си незадоволен од себеси отколку од другите, бидејќи себеси можеш да се промениш.

-Ако сакате среќа за еден час, дремнете. Ако сакате среќа за еден ден, одете на риболов. Ако сакате среќа за една година, наследете богатство. Ако сакате среќа за цел живот, помогнете некому.

-Љубовта не е во наоѓањето на совршената личност, туку во учењето да сакаме некој несовршен на совршен начин.

-Ако планираш да се одмаздуваш, ископај две гробници - една за себе и една за непријателот.

-Човекот што се обидува да биде некој друг, често останува без себе.

Извор: ona.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура