X
 25.04.2018 Култура

Професијата што ќе го создаде првиот светски трилионер

Оние што сонуваат да станат богаташи на новата доба, доколку сакаат да поработат на тоа, ќе мора да размислуваат надвор од рамките – и тоа оние што ги поставува земскиот престој.

Секторот што буквално им овозможува незамисливо богатство на оние што се подготвени на тој чекор е, ни помалку ни повеќе, рударството. А првиот светски милијардер што ќе се збогати со рударење (не се мисли на криптовалутите), своето богатство ќе го стекне со ископување руди во вселената, тврди американската инвестициска банка „Голдмен Сакс“.

Потврдата дека во оваа работа „лежат“ големи пари доаѓа и од познатиот астрофизичар Нил Деграс Тајсон.

„Постои огромен простор на неограничена енергија и ресурси. Доволно е само да погледнете колку војни се водат заради пристап до ресурсите. А тоа би можело да стане работа на минатото откако вселената еднаш ќе стане нашиот двор“, вели тој.

Тајсон предвидува дека првиот што ќе се збогати со рударење во вселената ќе биде оној што ќе ги искористи ресурсите на астероидите, имајќи предвид дека тие се полни со железо, никел и благородни метали – и тоа во многу поголеми концентрации отколку на Земјата.

Американската вселенска агенција НАСА досега идентификувала повеќе од 12.000 астероиди кои од нашата планета се оддалечени околу 45 милиони километри, а тоа богатство може да биде иднината на добрата заработувачка.

Меѓу првите што го препознаа овој потенцијал е државата Луксембург, која почнала со вложување со цел да прерасне во светски рударски центар. Еден од плановите на оваа мала европска држава е од својот државен буџет да обезбеди 223 милиони долари во раната фаза на финансирање, како поддршка за компаниите што работат на проекти на вселенско рударство, како и да оствари соработка со две водечки компании во тој сектор, „Дип спејс индустрис“ и „Планетари рисорсес“.

Фото: Freepik
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура