X
 15.03.2022 Наука

Астероид бил забележан 2 часа пред да влезе во Земјината атмосфера

Досега само 5 астероиди биле детектирани пред да влезат во атмосферата на Земјата. Еден од нив влегол во атмосферата минатата недела.

На 11 март астрономот Кристијан Сарнецки со телескоп забележал мало вселенско тело. Два часа подоцна астероидот влегол во атмосферата на Земјата, северно од Исланд. Се проценува дека астероидот бил широк 3 метри и се движел со брзина од над 63.000 километри на час.

Дали астероидот удрил на површината?

Не се знае дали астероидот, наречен 2022 ЕБ5, удрил на површината, но се претпоставува дека тој изгорел во атмосферата или паднал во Атлантскиот Океан. Доколку изгорел, не се знае дали одредени остатоци паднале на површината или во океанот.



Од Меѓународната организација за метеори бараат информации за сведоци на падот на астероидот, а неколку жители на Исланд изјавиле дека виделе искра на небото или слушнале звук сличен на експлозија.

Секоја година во атмосферата на Земјата влегуваат илјадници мали астероиди. Повеќето од нив се незабележани бидејќи паѓаат во океаните.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука