Астероид ќе помине покрај Земјата на 1 април со брзина од околу 46.300 километри на час. Тој бил откриен во 2007 година. Астероидот е со дијаметар од 259 метри и се нарекува 2007 ФФ1. Тој кружи околу Сонцето.
Астероидот ќе биде на најмала оддалеченост од Земјата токму на 1 април, кога ќе помине покрај нас на оддалеченост од 7,4 милиони километри. Со својата големина и оддалеченост, тој се смета за потенцијално опасен астероид.
Во иднина тој повторно ќе помине покрај Земјата, но на поголема оддалеченост - од околу 29 милиони километри.
Овие дистанци изгледаат како големи, но се релативно мали во астрономска перспектива и секоја грешка во пресметките или судир со друго тело може да ги отфрли овие вселенски тела од нивните патеки.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay