X
 25.04.2022 Живот

Земји во кои секој би посакал да се пензионира

Животот е долго и тешко патување. По долги години работа, на крајот мора да се пензионирате. Најважно е да се најде најдоброто место за живеење. Постојат неколку аспекти за планирање добро пензионирање, паричен, социјален и логистички.

Основни работи се добар транспорт, пристап до вода и струја, прифатливо живеење, добро домување и мирна, можеби забавна средина со пријателски расположени луѓе. Многумина уживаат во идејата да се пензионираат во земјата од каде што потекнуваат за убаво да си ги поминат деновите. Како резултат на тоа, кога се бара место за пензионирање, ќе се бара место со горенаведените работи. Еве ги 10. најдобри земји:

10. Ургувај

уругвај
Фото: Freepik

Уругвај е земја која се наоѓа помеѓу Аргентина и Бразил и во која се зборува шпански јазик. Во земјата живеат 3,5 милиони луѓе. Зимите се благи, а летата се топли.

Тоа е добро место за пензионирање поради умереното време, што е добро за старите луѓе. Животниот стил во оваа земја не е екстремен; оттука и трошоците за живот се ниски. Лесно може да се добие фарма или ранч. Пензионерот може да избере да се пензионира и во еден од прекрасните градови на плажа. Пристапот до визи и престој е исто така прилично лесен.

9. Шпанија

spanija
Фото: Freepik

Шпанија е високорангирана од пензионерите поради неколку причини. Првата е времето во оваа земја. Во Шпанија човек ќе ужива во многу сонце, до 300 дена годишно. Земјата е добро развиена и има лесен пристап до здравствената инфраструктура и е безбедна. Дополнително, Шпанија има ниски трошоци за живот.

Со оглед на тоа што Шпанија има долго крајбрежје, пензионерите може да уживаат во крајбрежен живот. Има и многу големи градови кои нудат пристап до сите модерни потреби.

8. Костарика

kostarika
Фото: Freepik

Костарика е земја која привлекува големо внимание меѓу постарите луѓе кои бараат места за пензионирање. Оваа земја постојано расте и има добри здравствени системи и квалитетно живеење. Поради доброто владеење, развојот, пристапот до храна, добрата здравствена заштита и ниските трошоци за живот, Костарика е прилично добар избор.

Пристапот до домување е достапен, а има и ниски даноци. Оној што сака да живее на Карибите, треба да размисли за Костарика.

7. Панама

panama
Фото: Freepik

Панама е добро позната по своите прекрасни плажи и величествени планини. Дополнително, земјата има пријателска средина и прифатливи трошоци за живот. Ова резултира со преселување на многу пензионери од САД во земјата.

Во Панама киријата е ниска, а прифатливи се и цените на храната. Со пензионерска виза, можете да уживате во многу попусти за авионски карти, забава и локален транспорт.

6. Малта

malta
Фото: Freepik

Малта е уникатна земја полна со одлична архитектура и многу историја. Земјата која ужива во голем мир обезбедува добра средина за луѓето кои бараат некаде да се релаксираат и да ги живеат преостанатите денови. Во Малта има сонце повеќе од 300 дена во годината и има прекрасни температури кога станува збор за времето.

Иако изнајмувањето станови во градовите можеби е скапо, сепак, не е толку скапо како во некои други развиени земји. Луѓето таму се пријателски расположени.

5. Франција

francija
Фото: Freepik

Франција е добро позната по вината, добрата кујна и многу историја. Станува збор за развиена земја со многу големи градови. Сепак, обезбедува и добра средина за пензионерите. Сѐ зависи од тоа во кој дел од земјата ќе одлучите да се населите.

4. Мексико

meksiko
Фото: Freepik

Мексико е уште една земја која ја претпочитаат пензионерите. Првата работа е поради нејзината добра клима. Ова е добра опција за некој што живеел во многу студени земји и не сака студено време.

Мексико, исто така, има ниски трошоци за живот. Процесот на аплицирање за престој или виза е едноставен, а има и добра здравствена заштита.

3. Канада

kanada
Фото: Freepik

Експанзивна и разновидно убава, Канада нуди доста придобивки за пензионерите. Кога станува збор за оваа голема земја, постојат избори за живеење кои го вклучуваат речиси секој амбиент што може да се замисли: планини, шуми, раздвижени градови и прериски пасишта.

2. Еквадор

ekvador
Фото: Freepik

За оној што сака да живее во Северна Америка и да стигне во земја со многу култури, голема разновидност и неверојатна клима, тогаш Еквадор е местото каде што треба да се преселите. Иако земјата се развива, таа има совршена култура и ниски трошоци за живот за пензионерите.

Човек може да ужива во модерните градови и во природните ресурси, како што се островите, плажите и планините и луѓето. Добивањето виза е едноставно.

1. Португалија

portugalija
Фото: Freepik

Португалија е една од најубавите земји во Европа. Таа има прекрасни пејзажи, одлично време и пријателски расположени луѓе. Друга причина за пензионирање во Португалија е тоа што има одличен здравствен систем, добри патишта, одличен стандард за живот и пријателски настроени луѓе.

Извор: The Travel
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот