X
 25.05.2015 Живот

Трикови за совладување на невербалната комуникација

Невербалната комуникација е значајно поважна од вербалната. Велат дека 93% од комуникацијата е невербална. Сите успешни луѓе, пред сè, изгледаат добро и убедливо додека говорат, без разлика на областа во која работат. Разберете ја невербалната комуникација подобро користејќи ги следните трикови

Огледало

Пристапот се состои од имитирање на гестовите кои ги прави соговорникот, иако суптилно. Не сакате да го копирате секој детал, но сакате да се однесувате слично како и тие за да создадете добра врска со соговорникот.

Без непотребни гестови

Честопати, тремата прави да правиме чудни гестови, како вкрстување на рацете или допирање на накитот. Овие мали детали ја издаваат несигурноста на личноста.

Моќна поза

Позата на моќ се состои од ширење на рацете високо над главата во облик на латинично В. Оваа поза се смета дека го зголемува тестостеронот, како и самодовербата.

Раширете ги нозете

Кога луѓето ги вкрстуваат нозете праќаат сигнал за затвореност и срамежливост. Не го давајте тој сигнал кога разговарате со некоја значајна личност во вашиот живот.

Насмевка

Што е подобро од насмеано лице? Смеата испраќа сигнал за поврзаност помеѓу двајца или повеќе луѓе. Смејте се секогаш кога сакате да се зближите со некого.

Не за вкрстени раце

Исто како вкрстувањето со нозете, вкрстените раце може да изгледаат лошо од другата страна. Ова е знак за скептичност и одбрана, а со тоа се дистанцирате од соговорникот.

Главата горе

Кога ја подигнувате главата покажувате гордост, самодоверба и доминација. Следниот пат кога сакате да покажете самодоверба, само подигнете ја главата.

Дланките горе

Кога комуницирате со вашите раце, не заборавајте да ги поставите дланките горе. Со ова потсвесно покажувате дека може да ви се верува и дека не криете ништо.

Потврдувајте со главата

Кога се обидувате да се поврзете со соговорник додека тој/таа зборува со вас, потврдувајте со главата кога слушате нови работи. Ова е голем знак дека се согласувате со нив и дека ги слушате и разбирате.

Нежно допрете ја личноста за раката

Со овој гест градите доверба. Секако, не треба да ги допирате сите постојано. Кога раскажувате приказна или кажувате нешто интимно, тоа е повеќе од дозволено. Со ова создавате врска меѓу вас и соговорникот.

Тоа се неколку трикови кои ќе ви помогнат во приватниот и професионалниот живот. Знаете други кои се корисни?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот